Принцот Хари може да ја загуби американската виза
Признанието на британскиот принц Хари дека во минатото користел дрога, може да ја загрози неговата американска виза и престојот во САД, тврди американскиот адвокат и поранешен федерален обвинител Неама Рахмани.
Како што пишува „Дејли мејл“ (Daily Mail), принцот во своите Мемоари признава дека земал кокаин, марихуана и халуциногени печурки. Конзервативната тинк-тенк фондација „Херитиџ“ од Вашингтон сега се обидува да открие дали принцот тоа го правел во времето на поднесувањето барање за виза. Американските закони се строги кога станува збор за лажна изјава пред Службата за имиграција, а лице фатено во лага може да биде и депортирано, или да му се ускрати следната можност да аплицира за американско државјанство.
– Признавањето на лицето дека земало дрога обично е основа за одбивање на барањето за виза. Тоа значи, на принцот Хари не требало да му биде издадена виза, а ако му е издадена, таа треба да биде укината. Нема исклучоци, без разлика дали е член на британското кралско семејство и дали се работи за рекреативна употреба на дрога, рече Неама Рахмани.
Но, адвокатот за имиграција Сем Адејр верува дека признанието на принцот веројатно нема да биде проблем, бидејќи тој не е осуден за поседување или користење дрога. Адвокатот Џејмс Леонард додава дека тврдењето на војводата од Сасекс дека „експериментирал со дрога во младота“ нема да биде доволно за да се обезбеди натамошна истрага за неговото тврдење.
Гласините говорат дека принцот Хари веројатно добил посебна виза за престој во САД којашто се издава на „лица со исклучителни способности“. Ваков документ, познат како „О-1 виза“, им е издадена и на канадскиот пејач Џастин Бибер и на австралискиот глумец Хју Џекмен. Таа виза важи три години.
Можно е и принцот да добил виза и затоа што неговата сопруга Меган Маркл е американска државјанка.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија