ЕК: Фон дер Лајен не е во игра за нов генерален секретар на НАТО
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен не е во игра да биде следниот шеф на НАТО, изјави денеска портпарол на комисијата за ДПА.
Извештаите во британскиот весник „Сан“ се „неосновани шпекулации“, рече портпаролот како одговор на прашањето на ДПА.
„Сан“, цитирајќи дипломатски извор, објави дека Фон дер Лајен е во трка за наследник на актуелниот шеф на Алијансата, Јенс Столтенберг, а функцијата требало да ја преземе од октомври.
Британскиот весник, исто така, објави од свои извори дека британската Влада ќе стави вето на назначувањето на Фон дер Лајен врз основа на согледани грешки за време на нејзиниот мандат како германска министерка за одбрана.
Мандатот на Столтенберг беше продолжен до 30 септември 2023 година во март минатата година, непосредно по почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина.
Највисокиот функционер на НАТО ја извршуваше функцијата речиси девет години, а мандатот му беше продолжен трипати, пренесе ДПА.
Неодамна се шпекулираше дека мандатот на 63-годишниот би можел повторно да биде продолжен поради конфликтот во Украина, иако, истовремено, дипломатите истакнуваат дека тоа може да остави впечаток дека НАТО не може да се договори за нов прв човек на организацијата.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
