Кери сепак во Тирана дошол заради иранските муџахедини

Иако официјално не беше соопштено дека било разговарано за прифаќањето на иранските муџахедини, сепак, Гласот на Америка пренесува дека американскиот државен секретар Џон Кери, ја пренел големата благодарност до албанските власти за тоа и оти токму тоа била и главната цел на неговата посета на Албанија, јави дописникот на МИА од Тирана.
- Во изминатите две години Албанија прифати илјада муџахедини и се согласи да прими уште две илјади. Всушност САД и помогнаа на Албанија за да ја прифати оваа група, која и помогна на американската војска во текот на операциите на Блискиот Исток, во борбата против тероризмот. Оваа помош изнесува 20 милиони долари преку агенцијата на ОН за бегалци, УНЦХР, изјавил висок функционер од американскиот Стејт департмент.
Според албанската агенција Балкан веб тоа значи дека Албанија ќе ги згрижи сите муџахедини од кампот „Слобода“ во Ирак.
Иранските муџахедини ќе бидат сместени, главно, во камп кој ќе биде изграден од страна на Албанија и УНХЦР.
- Американската Влада, пред неколку години, се обиде земји кои ќе се согласат за сместување на муџахедините, но освен Албанија, другите земји одбија да го сторат тоа поради опасноста која може да ја донесат со себе имајќи го во предвид нивното терористичко минато, наведува агенцијата.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
-

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
-

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно
-

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
