Мазутот поскапува, цената на другите горива останува иста
Мазутот М-1 НС од ноќеска на полноќ поскапува за 1,183 денари за килограм, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,6 отсто.
Новата малопродажна цена на Мазутот М-1 НС ќе изнесува 40,574 денари за килограм. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 85, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 71,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,374 отсто, кај дизелот за 1,841, кај екстра лесното масло за 2,126 и кај мазутот за 4,61 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,53 отсто.
Ново на Сител
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
-

Орбан: Украина ја уценува Унгарија со затворање на нафтоводот „Дружба“
-

Јаневска: Универзитетите да отвораат студиски програми според потребите на пазарот на труд
-

Од раѓање до уништување: Животниот циклус на една планета
-

Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
-

Две лица во притвор поврзани со заплената на 5 тони марихуана во Србија
-

Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
