Посебен сообраќаен режим на булевар „Илинден“ поради 11. Авицена женска трка

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје денеска ќе се одржи 11. издание на Авицена женска трка. Стартот и целта на трката ќе бидат на булевар „Илинден“, во близина на фонтаната „Лотос“. Се трча еден круг од три километри.
Право на учество имаат сите припаднички на женскиот пол без ограничување на возраст.
Според програмата, во 9:40 часот е предвиден аеробик за загревање, а во 10 часот е стартот на трката на три километри. По прогласувањето на најдобрите учесници, ќе има и лотарија.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека поради одржувањето на трката ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трката ќе се одвива по следната траса - од булевар „Илинден“ пред фонтана „Лотос“ (старт и цел) до крстосницата со булевар „8 Септември“ каде се врти полукружно назад по булевар „Илинден“ до целта кај фонтана „Лотос“.
Ново на Сител
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
-

Избрани најубаво украсената тераса, двор и ученички расказ во рамки на манифестацијата „Украсуваме по СКОПСКИ“
-

Пијан ја претепал партнерката, ја давел за вратот и скршил ребро и градна коска
-

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата
-

Повик до креативците да донираат дела за хуманитарната аукција на Фондацијата „Фросина Кулакова“
-

Прва посета на амбасадорката на Кина на Охрид
-

Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
