ВМРО-ДПМНЕ: Груби доделил државно земјиште на сопругата на Ковачевски, а премиерот вика ‘не сум од овде’
Владата на Ковачевски и овозможило богатење на сопругата на Ковачевски. Тоа е жалната реалност во која живееме. Додека народот осиромашува, функционерите од власта и нивните семејства се богатат.
Во ниту една земја членка на Европската Унија сопруга на премиер не добива бизнис повластици и не добива државно земјиште за едно евро. Е токму компанијата на сопругата на премиерот со Одлука на владата, предводена од нејзиниот сопруг, добила можност да купи 1.119 м2 државна земја за цена од 70 денари за метар квадратен. Ковачевски се прави „наудрен“. Ако неговиот ортак Артан Груби ја потпишал оваа одлука, тоа не го амнестира од одговорност, влијание и злоупотреба на функција. Аргументите од типот „не сум од овде“ не поминуваат кај никого.
Ковачевски исто вака се однесуваше и кога излезе информацијата дека сопругата му влегува во бизнис од над 1 милион евра додека тој е премиер, а сега згора на се добива земјиште со потпис на Груби и истиот Ковачевски пак се прави изненаден. Со Груби очигледно си чуваат грб, односно он нему му помага за скандалите, овој и дава бизнис повластици на жена му.
Ова е правење пари на грбот на народот. Ова е класично користење на позициите за лични повластици. Ковачевски да имаше грам доблест ќе си поднесеше оставка. За ваквите злоупотреби ќе мора да понесе одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1
-

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција
-

69-годишник од Грција пронајден починат во с.Ново Село, телото предадено на обдукција
-

Продолжуваат протестите во Франција, се очекуваат нови блокади на училиштата
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
