Состанок на Г7: Министрите се договорија до 2040 година да престане загадувањето со пластика
Министрите за животна средина на Групата седум индустриски најразвиени земји во светот (Г7), на крајот од дводневниот состанок во јапонскиот град Сапоро, се обврзаа да се стави крај на загадувањето со пластика до 2040 година, јави германската новинска агенција ДПА.
Планот на Г7 е поамбициозен од договорот на Г20 од 2019 година, кој предвидува крај на загадувањето со пластика до 2050 година.
- Евтината пластика за еднократна употреба стана исклучително вообичаен производ во индустријализираните земји. Поради тоа е исклучително важно земјите од Г7 да се обврзат брзо да стават крај на пластичниот отпад, изјави германската министерка за животна средина Штефи Лемке.
Правно обврзувачкиот договор треба да биде договорен до крајот на 2024 година.
Според еколошката организација „Светски фонд за дивата природа“ (World Wildlife Fund) од 19 до 23 милиони тони пластичен отпад годишно завршуваат во океаните.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
