Застреланата 23-годишна мигрантка кај Гевгелија била бремена, сопругот не знае каде и е телото
Приказната за 23-годишната мигрантка која беше застрелана кај Гевгелија ја објави италијанската невладина организација „Second tree“.
Според сторијата, мигрантката била застрелана од македонски полицаец со службен пиштол кај касарната во Гевгелија во турканица за оружјето со шверцер.
„Но, таа беше човек. Беше топла, ентузијастична и весела. Ако не знаевте, никогаш немаше ниту да претпоставите дека живее во бегалски камп. Таа имаше 23 години. Беше полна со живот, секогаш подготвена да ја сподели својата сила и енергија, а сакаше и да танцува. Танцуваше и пееше „на сиот глас“, како што опишува нејзината сестра Бринтина. Замислете ја како таква личност, затоа што ние така ќе ја паметиме. Таа беше дел од нашата организација“, пишува „Second Tree“.
Сопругот на младата Фатмата раскажал за последните моменти поминати со неа пред таа да биде застрелана, пренесува „Слободен печат“.
Непосредно по поминувањето на границата, таа му рекла: „Сега сите врати изгледаат затворени, но друга ќе ни се отвори. Иднината ќе биде добра“.
Младата Фатмата имала сопруг, Абубакар, а тие се знаеле од деца, додека пак честопати меѓусебно се викале „моето сè“.
Во објавата на „Second Tree“ пишува:
„Толку беа заљубени што често знаевме да се пошегуваме со нив и да им кажеме: Се надевам дека и јас ќе најдам некој кој ќе ме сака на тој начин“.
Два месеци пред да биде застрелана, Фатмата на Абубакар му соопштила дека е бремена, но бидејќи немале документи и пари никогаш не направиле тест за бременост.
Абубакар бил со Фатима кога таа била застрелана: „Го викаше неговото име, молеше за помош“, пишува „Second Tree“.
Веднаш по немилиот настан сопругот на Фатмата бил приведен и еден ден задржан во притвор без никакви вести за неговата сопруга...
„Џовани и Џулиет од нашиот тим се сега со Абубакар во Северна Македонија. Тој сè уште не знае каде е телото на Фатмата и бара да ја види уште од денот кога беа разделени. Со него има и адвокат и подготвени се да бараат правда“, велат од организацијата.
Желбата на сопругот на Фатмата, како што соопштиле од организацијата е светот да дознае за овој случај.
Ново на Сител
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро