Во првите два месеца извозот зголемен за 10.2, а увозот намален за 1.5 отсто
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во првите два месеца од годинава, изнесува 1 339 941 илјада евра и бележи пораст од 10.2 % во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 1 763 707 илјади евра, што е за 1.5 % помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари − февруари 2023 година, изнесува 423 766 илјади евра, а покриеноста на увозот со извоз е 76.0 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.
Во периодот јануари − февруари 2023 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.
Ново на Сител
-

Мицкоски за 25 години Рамковен договор: Минатото не можеме да го промениме, но можеме да одлучиме каква иднина ќе изградиме
-

Во јуни издадени за 39 отсто повеќе одобренија за градење од лани
-

Општина Касандра на Халкидики продолжува со отстранувањето на нелегално поставената опрема на плажите
-

Сиљановска-Давкова: Струга е пример за вредностите на Рамковниот договор и соживотот
-

Пронајдена дрога во кичевско, уапсени две лица
-

Ликот на Ерлинг Халанд осамна на 469 килограми кокаин вреден 20 милиони долари
-

Ја скинале сајлата и се скриле меѓу кутиите: Тројца мигранти од Судан пронајдени во камион во Скопје
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
