Четири деца примени на детска невропсихијатрија во Белград: Две сакале да се убијат, а две да убијат некого
Изминативе денови во Србија се пријавени повеќе од 120 инциденти поради закани од ученици, како и објавување несоодветни содржини на социјалните мрежи, а за само еден ден на одделот за детска невропсихијатрија во Белград биле примени четири деца, две сакале да се убијат, а две сакале да убијат некого, јави дописникот на МИА од Белград.
Министерката за здравство Даница Грујичиќ изјави дека состојбата на најтешко ранетата ученичка од „Рибникар“ и понатаму е критична, две момчиња се во шок соба, на едно лице му е изваден бубрегот, на една ученичка и е отстранета раката и дека за останатите се уште е потребна медицинска нега.
Грујичиќ изјави дека по трагедијата во ОУ „Владислав Рибникар“ во која на 3 мај загинаа осум ученици и еден обезбедувач, а шест наставници беа ранети, се зголемил бројот на деца кои се жалат на психички проблеми.
Таа за ТВ Пинк изјави дека за само еден ден четири деца биле примени на одделот за детска невропсихијатрија во Белград, две кои сакале да се убијат, а две кои сакале да убијат некого.
Грујичиќ додаде дека Министерството за здравство подготвува мобилни тимови кои ќе одржуваат предавања во училиштата и ќе отвораат дискусии „за сите видови зависности“ и повика да престане да се повикува на насилство преку социјалните мрежи, оценувајќи дека тие што пишуваат вакви пораки се „најобични будали“.
Министерството за внатрешни работи на Србија вчера соопшти дека во последниве денови во полиција се пријавени повеќе од 120 настани поради закани од ученици, како и објавување несоодветни содржини на социјалните мрежи.
Шефот на Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Бранко Стаменковиќ изјави дека и најмалку заканувачките пораки на социјалните мрежи ќе бидат проверени до крај, а тоа вклучува и утврдување на локацијата на емитувањето, претрес и апсење.
Во Суботица е уапсен малолетникот Д.У, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“, бидејќи во разговор со училишниот психолог рекол дека не размислувал да направи масакр во училиштето, туку дека нешто слично му текнало да изврши во близина на градинка.
Како што соопшти „Блиц“, случајот против него е во тек, откако американското ФБИ открило и пријавило до надлежните органи дека малолетникот на интернет креирал налози со имиња на масовни убијци, а истражувал и како да направи бомба.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили ќе се повлечат од Иран „многу брзо“
-

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ: Македонија отсекогаш имала реформски капацитети, потребна е политичка волја во ЕУ за забрзување на процесот на проширување
-

Средба на Мицкоски со Милатовиќ: Продолжуваме да градиме мостови на пријателство, стабилност и заеднички напредок
-

Малолетничка нападната од две други девојчиња во парк во Ѓорче Петров
-

Мартин Саздов започнал љубовна врска со Ивана, Стојанче се заканувал дека ќе објави експлицитни видеа
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
