Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
На 21.05.2023 (недела) со почеток во 08.00 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.
Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени ул.„Самоилова“, на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“, на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба, затворен за сообраќај ќе биде и бул.„Никола Карев“, на потегот од ул.„Македонско - косовска бригада“ до ул.„8 Септември“, како и ул.„Македонско - косовска бригада“, на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди “ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Ново на Сител
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
