Фајман: Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ

Австрискиот канцелар Вернер Фајман изјави дека Македонија не може да биде надворешна граница на ЕУ и оти очекува Германија да ги следи чекорите што ги презема Австрија за запирање на бранот бегалци.
Фајман во интервју за виенскиот дневник „Курир“ вели дека Македонија, Србија, Хрватска и Словенија се пред предизвик, бидејќи Грција не е во состојба да ја обезбеди надворешната граница, но оти Македонија која не е членка на ЕУ не може да биде надворешна граница на Унијата.
Австрискиот канцелар смета дека Германија наскоро ќе ја промени својата политика кон бегалците следејќи го австрискиот пример.
- Австрија презеде чекори имајќи ја предвид реалноста, а такви чекори ќе преземе и Германија. Уверен сум дека наскоро повторно ќе бидеме усогласени, истакнува Фајман.
Австрија на почетокот на бегалската криза беше меѓу најблиските сојузници на Германија. Но, поради огромниот бран бегалци во двете земји се зголеми внатрешно-политичкиот притисок со барање границите да се затворат. Австрија воведе ограничување на приливот бегалци, кое за годинава предвидува само 37.500 барања за добивање азил. Виена воведе и квота за пропуштање на максимум 3.200 бегалци кои сакаат да добијат азил во некоја друга европска земја.
Ново на Сител
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
