Европратениците одобрија зголемување на производството на муниција
Европратениците вчера го одобрија предлог-законот за зголемување на производството на муниција во Европската унија со цел да се вратат резервите и да се забрза испораката во Украина. Законот за „поддршка за производство на муниција“ беше усвоен со 446 гласа „за“, 67 против и 112 воздржани, на мини-пленарната седница во Брисел.
На почетокот на мај, Европската комисија го претстави тој план, кој вклучува 500 милиони евра за зајакнување на капацитетот за производство на муниција во ЕУ на еден милион проектили годишно. Тоа треба да овозможи кофинансирање на инвестициите на индустријалците за зголемување на производството на нивните фабрики во ЕУ.
Според комесарот за индустрија Тиери Бретон, заедно со финансирањето на земјите членки, инвестицискиот капацитет би бил една милијарда евра.
Европратениците кои одлучија да ја спроведат итната процедура за усвојување на тој закон, сега треба да почнат преговори со Советот на ЕУ (земјите членки) за постигнување договор, и да одат на конечно усвојување на пленарна седница во јули.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
