Столтенберг до Ердоган: Шведска ги исполни своите обврски кон Турција за влез во НАТО
Шведска ги исполни своите обврски кон Турција, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по двочасовната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турција веќе 13 месеци го блокира влезот на Шведска во НАТО, обвинувајќи ја за попустливост кон курдските активисти кои живеат на нејзина територија.
Столтенберг изрази надеж дека Турција ќе го одобри влезот на Шведска во НАТО пред самитот на шефовите на државите на земјите-членки на Алијансата на 11 и 12 јуни во Вилнус.
Шефот на НАТО и се заблагодари на Турција што одговорила на барањето за испраќање засилување на север на Косово.
Турското Министерство за одбрана вчера соопшти дека планира да испрати свои сили во Косово како одговор на барањето на НАТО да се приклучи на мировните сили на КФОР по немирите во северно Косово.
Столтенберг вчера присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој го започна својот трет претседателски мандат, што ќе трае пет години.
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
