Украина: Висок ризик од мини додека жителите бегаат од Херсон поради поплавите
Пробивањето на голема брана во јужна Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК).
Како што јави Би-би-Си, Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на МКЦК, предупреди дека мините исфрлени во поплавата предизвикаа голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.
-Знаевме каде се опасностите. Сега не знаеме, изјави тој.
-Сè што знаеме е дека тие се некаде низводно, додаде Толефсен.
Наталија Хумениук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, изјави дека „многу противпешадиски мини (во областите заземени од Русите) сега станаа пловечки мини“.
-Тие претставуваат голема опасност, рече таа, објаснувајќи дека најверојатно ќе експлодираат доколку се судрат или удрат во нешто.
-Страните во конфликтот не го објавија бројот на мини што ги поставија. Само знаеме дека бројот е огромен, предупреди Толефсен.
Илјадници луѓе веќе се евакуирани од делови на регионот Херсон, бидејќи водата продолжува да навлегува низ реката Дњепар, која ги дели териториите контролирани од Русија и Украина.
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за уривање на браната Каховка која го снабдувала со вода Крим, кој беш анектиран од Русија во 2014 година и е во област што украинските сили сакаат да ја ослободат
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
