Балкан
9. јуни 2023 - 10:22

Петмина уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти

Пет лица се уапсени во Србија, Германија и Романија поради криумчарење околу 800 мигранти.

Полицијата уапсила едно лице во Србија, а четворица на територијата на Германија и Романија поради сомнение дека криумчареле околу 800 мигранти од Турција во Германија, соопшти МВР на Србија.

„Пријавените во текот на минатата и оваа година најчесто криумчареле мигранти користејќи различни транспортни средства и ги криеле во товарниот дел на камионот во нехумани услови“, се наведува во соопштението.

Во заедничката акција, која беше спроведена во координација со Европравда, Европол и австриската, германската и романската полиција, учествуваа и припадници на Службата на МВР Србија за борба против организираниот криминал.