Поднесен обвинителен акт против 11 диви копачи на културно наследство
По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица, сторители на кривичното дело Злосторничко здружување. Првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45), И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости.
М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) - кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Најмладиот Р.З.(28,) според Обвинителниот акт, покрај кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
ЈОРСМ информира дека во текот на втората половина на 2021 година на територијата на државава, со цел вршење на наведените кривични дела и стекнување противправна имотна корист, обвинетите С.Џ., З.А.и Т.А. создале група во која припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство.
-Групата станала функционална целина и нејзините припадници во периодот од 1 декември 2021 до 12 декември 2022 година презеле дејствија на неовластено од надлежен орган истражување на археолошки локалитети како недвижни добра под привремена заштита, користејќи пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети. По пронаоѓање на локалитетите, со користење метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, археолошките добра и историските предмети ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство, наведува Обвинителството.
Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Република Северна Македонија, со исклучителна вредност.
-Со нивно трајно оттуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата, соопшти ЈОРСМ.
Ново на Сител
-

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово
-

МВР: Известување до јавноста - Проект „Безбеден град“
-

Јовица Илиески-Кара го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово
-

Во Дебар по крстот скокаа три дечиња, најсреќен Дамјан Стефановски
-

Сенегал во хаотично финале до своја втора африканска титула
-

Честитка од Мицкоски за Водици: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро
-

Мартин Гоџо го фати крстот во водите на Охридското Езеро
-

Премиерот Мицкоски со владина делегација на форумот во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции
