Османи: Со или без Мицкоски, уставни измени ќе има
Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи вчера во телевизиско гостување истакна дека со или без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ќе има уставни измени.
- Јас сум оптимист, уставни измени мора да има, со или без Мицкоски. Нема да ја пропуштиме оваа историска шанса, за напредок на државата. Мицкоски се покажа како политичар од трета или четврта лига. Неискусен. Праќа лоша порака до партнерите во ЕУ. Неговата порака е дека ние ќе ги третираме Бугарите во Македонија како рамноправни граѓани кога ќе влеземе во ЕУ. Ова не е добра порака, рече Османи.
Тој посочи дека доколку „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си игра со судбината на граѓаните, ќе бараат друга алтернатива".
- Ако Мицкоски до крај партискиот интерес го става над судбината на луѓето, тогаш ќе се најде и алтернативно решение. Која е другата алтернатива? Не знам, ќе видиме, но јас мислам дека исто како што тој ден им „пукал“ во партија со неговата изјава дека прифаќа уставни измени, така како што ќе поминуваат деновиве, ќе им „пука“ повеќе и повеќе, за луѓето кои ќе кажат – полека ти прво немаш став за уставните измени, вчера не, денес да, значи немало проблем. Ќе видиме, но мислам дека е влезе во опасна игра, рече Османи.
За барањето на ВМРО-ДПМНЕ за учество во Влада без ДУИ, вели дека партијата е подготвена и на таков чекор со цел да продолжи евроинтеграцискиот процес.
- Ние во ДУИ сме оцениле дека вреди да се жртвуваат нашите владини и партиски интереси за да овозможиме ваков историски процес, кој согласно нашите информации, нема да се повтори наредните декади, изјави Османи.
Сепак, смета дека наредната Влада нема да биде без ДУИ.
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Кавадарци ангажирани авиони, хеликоптери и механизација
-

Либан тврди дека израелската армија повторно употребила фосфорни бомби
-

Гаши од Каиро: Борбата против дискриминацијата е заштита на човечкото достоинство
-

ДЗС: Денеска ангажирани три цистерни со питка и техничка вода за потребите на Гостивар
-

Реактивиран пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење
-

Прегазено 4 годишно дете на улица во Гостивар
-

Во текот на изминатиот викенд 34 лица приведени поради безобѕирно управување моторно возило
-

Над 70 лица минатата недела приведени во акциски контроли за недозволена трговија со дрога
