Свет
18. јуни 2023 - 10:07

Данска чека одобрение од САД за да и донира на Украина авиони Ф-16

Данскиот вршител на должноста министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен денеска изјави дека Копенхаген може да ѝ донира борбени авиони на Украина, но само доколку САД дадат зелено светло.
 
На Украина и се потребни авиони, повеќе од кога било, ако сака да ја добие битката. Ова важи и за данските борбени авиони Ф-16, истакна Поулсен.
 
Данска има 43 авиони Ф-16, од кои 30 се активни, но флотата се заменува со помодерни авиони Ф-35. 

Ново на Сител