Русија ја одби помошта од ОН, бројот на жртвите од поплавите по саботажа на браната се зголемува

Русија ги отфрли понудите на Обединетите нации (ОН) да им помогне на жителите погодени од поплавите предизвикани од пробивањето на браната Каховка на реката Дњепар, соопшти синоќа светската организација.
Од 6 јуни, кога браната беше оштетена и се поплави областа Херсон, окупирана од Русија, бројот на жртвите од поплавите се искачи на 52, додека 31 лице се сметаат за исчезнати. На територијата под руска контрола загинаа 35 лица, а на украинска страна 17. Повеќе од 11 илјади луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
ОН ја повика Русија да дејствува во согласност со нејзините обврски според меѓународното хуманитарно право.
-Не може да се спречи помошта од луѓето на кои им е потребна, изјави во официјалното соопштение координаторот на ОН за хуманитарна помош за Украина, Дениз Браун.
Украина ја обвини Москва за минирање на браната од советската ера, која е под руска контрола од првите денови на минатогодишната инвазија.
Група меѓународни правни експерти кои им помагаат на украинските обвинители во нивната истрага, сметаат дека „многу е веројатно уривањето на браната да е предизвикано од експлозиви поставени од Русите“.
Од друга страна, Кремљ го обвини Киев дека ја саботирал хидроелектричната брана.
Властите во Одеса ги затворија некогаш популарните плажи на Црното Море таму, забранувајќи го пливањето и консумирањето риба и морски плодови од неидентификувани извори.
-Тестовите на водата минатата недела покажаа опасни нивоа на салмонела и други „заразни агенси“, изјавија украинските власти. Спроведен е и мониторинг на предизвикувачкиот агенс на колера.
Иако поплавите се повлекоа, реката Дњепар однесе тони отпад во Црното Море и на брегот на Одеса, предизвикувајќи, како што го нарече Украина, „екоцид“. Се очекува да се влошат нивоата на токсични материи во морските организми и на морското дно, а зголемен е и ризикот од исфрлени мини на крајбрежјето.
Ново на Сител
-

Пациент тврди дека бил претепан од болничар, од установата пријавиле дека паднал од кревет
-

69-годишна жена од валандовско изгоре во пожар во сопствената куќа
-

Холанѓанец и Шпанец нападнале арачиновец во Аеродром
-

Мицкоски во Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки
-

Заминал на работа и исчезнал, неколку часа подоцна пронајден мртов на стадион со моторна пила до него
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
