Шаќири: ДУИ секогаш била за ветинг за сите функционери
Министерот за образование и наука и висок функционер на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири истакна дека ДУИ е политичка партија, која секогаш била за ветинг за сите функционери. Тој одговори на новинарско прашање во врска со вчерашното прогласување на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД.
-Ова прашање не е од сферата на образованието. ДУИ како политичка партија секогаш била за ветинг и ДУИ го бара ветингот за сите функционери кои доаѓаат од централно и локално ниво, рече Шаќири пред почетокот на дебатата за промоцијата на Анализата: Политичко образование во Северна Македонија, во организација на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) и Претседателскиот центар за политичко образование ПЦПО.
Шаќири информира дека ќе има официјален став од партијата и за политички прашања новинарите ги упати да се обратат до партијата.
Стејт департментот вчера го прогласи градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за непожелна личност за влез во САД, поради негова вмешаност во значајна корупција, се наведува во писмената изјава на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.
-За време на неговиот градоначалнички мандат, Мерко злоупотребил фондови и се мешал во правосудсните и другите јавни процеси, нанесувајќи штета на тој начин на довербата на јавноста во демократските институции и претставници. Денешната акција испраќа порака дека САД стојат заедно со Северна Македонија за зајакнување на стабилноста преку зајакнување на демократските институции и решавање на слабостите во владеењето на правото, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Седница на Советот на ЈО, ќе се избира шеф на Вишото ЈО - Скопје
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
