Истрага против командир од тетовската касарна за поттикнување негова колешка да побара поткуп
Поведена е истрага против 45-годишен командир од тетовската касарна, кој минатиот месец, поттикнал 23-годишна колешка да побара поткуп од 3000 евра од колега за да стане офицер. Обвинителството бара судот да му одреди притвор на осомничениот.
Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.
- Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена, обвинителството веќе поведе постапка (https://jorm.gov.mk/profesionalen-vojnik-pod-istraga-za-primane-potkup/), а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот, известува ЈО.
Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000 евра.
- Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, соопштуваат од ЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
