Демократски сојуз: Наместо замајување со уставни промени, една изборна единица и предвремени избори
Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација.
За седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање.
Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива КАКО И ДОСЕГА.
Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети, наместо да ја замајува јавноста со уставни промени како божемен круцијален предуслов за почнување на преговорите со ЕУ, иако е јасно дека без реформи нема евроинтеграција, да го донесе законот за Македонија да биде една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори!
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ
Ново на Сител
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
-

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
