Александар Јовановиќ Чута: Бараме вонредни избори во Белград во септември

Лидерот на Еколошкото востание и опозициски пратеник во српското Собрание, Александар Јовановиќ Чута, оцени дека е време партиите кои се формални организатори на протестот „Србија против насилството“ да се обединат околу ставот дека „вонредни избори во белград треба да се одржат во септември“ и истакна дека не треба да има паузи во одржувањето на протестот, туку тој да продолжи и во текот на летото, јави дописникот на МИА од Белград.
-Претседателот на Србија Александар Вучиќ вети дека овие избори ќе се организираат до април годинава во разговор со (претседателот на Партијата на слободата и правдата) Драган Ѓилас, изјави за Политика, Јовановиќ, кој е и копретседател на партијата Заедно.
Тој појасни дека е потребно да се излезе со јасни политички позиции, кои, како што наведе, и досега биле активистички.
Според него, „нема потреба од никакви паузи во протестите, но потребно е да се продолжи со притисокот врз власта, а тие што на социјалните мрежи наведуваат дека треба да паузираме до септември, јавно нека се изјаснат“.
-Сè уште не сум слушнал кој од оние што се шетаат по улиците се залага за такво нешто, нагласи Јовановиќ.
Лидерот на ССП, Драган Ѓилас, во неделата изјави дека изборите во Белград може да се организираат веднаш, бидејќи рокот што го поставил Александар Вучиќ одамна е истечен.
-Изборите во Србија може да се организираат веднаш штом владата ќе ги спроведе препораките на мисијата на ОДИХР, Европската комисија и Европскиот парламент, кажа тој и наведе дека со поканата на мисијата на ОДИХР да го контролира изборниот процес во Србија, како и со тврдењето дека Србија го продолжува процесот за пристапување во Европската унија, владата го прифатила спроведувањето на препораките од тие организации.
-Нека го направат тоа што се обврзаа и можеме да одиме на избори. Но, ако режимот на СНС мисли повторно да направи лажни избори и да владее врз основа на такви избори уште четири години, треба да знае дека тоа нема да се случи, рече Ѓилас.
Ново на Сител
-

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“
-

Укинати пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот вратен на повторно судење
-

Еден месец нема трага од Љупчо Стојановски – семејството со апел за помош
-

Помошник директор во Царина фатен при примање обележани 17.500 евра
-

Голем успех за 11-годишниот пијанист Андреј Цековски – освои злато и прво место во Њујорк
-

Мицкоски: Денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години
-

Мицкоски: Компанијата ВИК ја проширува инвестицијата во Прилеп, предвидени нови 300 вработувања
-

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени 1 248 станови
