Арсовска го обвини Мицкоски за случувањата во „Комуналец“
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер по седницата на Кризниот штаб информираше дека скопските јавни претпријатија се излезени на терен и активно се работи на расчистување на сметот.
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, каде неколку дена има протест поради што не се собира сметот, според Арсовска, веќе е во нормала и функционира смената. - Се надеваме дека веќе од утре ќе работи со целосен капацитет, изјави Арсовска.
Во изјава за медиумите, Арсовска обвини дека мафијашки структури неколку дена ја блокираат работата на ЈП „Комунална хигиена“ поради лични интереси.
- Се работи за лица кои повеќе од 15 години работеле само една смена и тоа трета смена во претпријатието спротивно на закон и на колективниот договор. Поголем дел од нив кои биле вработени на овој начин воопшто не се појавувале на своите работни места и не ги извршувале своите работни обврски. Сега дел од истите ја блокираа работата на комуналното претпријатие и не дозволуваат сите останатите 1.300 вработени да можат да ја извршуваат својата работа. Иако нема законски најавено штрајк, иако поголем дел од овие лица повеќе не се вработени во ова претпријатие, тие сепак извршија мафијашка блокада, рече Арсовска.
Според Арсовска, оваа ситуација ја искористиле градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за ситни политички поени, а на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му порача дека вечерва е разобличен со тоа што сака да креира проблеми, а потоа да се претставува дека ги решава.
- Заврши времето кога овие градски претпријатија беа третирани како нечија лична и приватна сопственост и наместо во интерес на граѓаните, работеа за интересот на малкумина. И на крај сакам да му порачам на Христијан Мицкоски дека вечерва е разобличен затоа што за бескруполозноста за евтини политички поени сака да креира проблеми за граѓаните, а потоа сака да се претставува дека ги решава. Таквите политичари се најголемото ѓубре што овој град ги видел и ние вечерва со чистењето на ѓубрето ќе почнеме да ги чистиме и нив, рече Арсовска.
Презентираше документ на којшто се гледа дека од една фамилија во „Комунална хигиена“ биле вработени над 40 лица, а од друга фамилија над 30 лица.
Ново на Сител
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
-

Мицкоски: Никогаш нема да поддржам повеќејазичност во правосудството
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
