СПМ: Владата сака да го смени Уставот само за да остане на власт
Социјалистичката партија на Македонија се осврнува на изјавата на вицепремиерот Маричиќ за искористување на моментумот, повторно воведениот истрошен термин, за промена на Уставот ценејќи ја како несериозно срамно убедување за прифаќање на бугарските предлози.
Дотолку повеќе укажуваме на фактот што уставните измени за нелегитимната власт на СДС и ДУИ претставуваат залог за пролонгирање на нивното владеење.
Манипулациите на Маричиќ дека не е време за политикантство и не е време за избори покажуваат дека тој нема демократски капацитет да се соочи рралносто, но и со народот кој отворено не сака уставни измени туку бара итни избори.
Маричиќ се разобличува како ситен трговец при што ги условува изборите само доколку опозицијата гласа за уставните измени. Нејасно е како овој човек ги води европските интеграции кога нема ништо европско во себе.
Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа како што сака тој и премиерот Ковачевски е потврда дека овие двајца, вклучувајќи го и третиот Османи, се случајни патници низ времето и токму тие го користат нивниот животен моментум за лично богатење и работење спротивно на макефонските национални и државни интереси.
За нив, како експоненти на СДС и ДУИ, корупцијата не постои иако се тие водечки во процесите на коруптивно тргување и владеење, а преку судството и обвинителството вршат невидени притисоци и уцени и жесток полотички прогон со неистомислениците.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека времето на ваквите корумпирани и лукративни полтичари е изминато и народот со право бара нови избори за нивна замена и за напредок на државата, со што ќе се отворат евопските перспективи на Македонија.
Социјалистичката партија на Македонија
Ново на Сител
-

Македонските ракометари ремизираа со Швајцарија за второ место на „Жолтиот куп“
-

До 19.00 часот гласале 242 од пријавените 248 болни или немоќни лица во Гостивар, Врапчиште, Маврово - Ростуше и Центар Жупа
-

Платформата Икс го замени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата
-

Сите патни правци проодни, намалена видливост поради магла на патот Струмица - Валандово
-

Силувале и сликале малолетничка, па ја уценувале за 20.000 евра - Кумановското обвинителство покрена постапка против двајца осомничени
-

Грчките земјоделци се подготвуваат за средбата со Мицотакис во вторник
-

Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки
-

Мицкоски: Борбата за критериумите на ЕУ продолжува и покрај наметнатиот билатерален спор
