-->
-->
Голема полициска акција, се апсат функционери на ДУИ
-->
Политичари, бизнисмени и инспектори се меѓу приведените при акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) и Министерството за внатрешни работи.
Според неофицијални информации, акцијата се спроведува утрото на повеќе локации во Скопје и околината. Досега се приведени шест или седум лица, но со кривичната пријава се опфатени повеќе.
Според првичните информации, меѓу приведените е Исмет Гури, член на ДУИ, кој неодамна беше осуден на казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности, како и неговиот син. Дознаваме и дека приведени се инспектори на Управата за јавни приходи каде Гури беше заменик-директор. Апсењата се поради сомнение за перење пари и затајување данок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
