Вуков ги освои првите бодови во Унгарија и замина за Белгија

Македонскиот возач Ристо Вуков ги освои првите бодови во Порше Суперкуп на трката возена на патеката Хунгароринг.
По проблематичниот старт на сезоната во кој најпрво се откажа трката во Имола, проследен со излетувањето во Монако и дефектот на моторот во Австрија, Вукор конечно стигна до бодови по трката во Унгарија.
– Сите спортисти се соочуваат со разни проблеми во своите кариери, така и во мојот случај искушението беше големо. Благодарение на тестирањата што претходно ги имав на оваа патека, бев во можност тука да го дадам најдоброто од себе. Знам дека можев уште подобро бидејќи се соочивме со проблем во квалификациите кога поради дождот што го изми асфалтот, целата работа околу сетирањето на автомобилот на тренинзите беше загрозена, а сличен проблем се покажа и во квалификациите што се возеа во Формула 1. Минатата година мојот тим не учествуваше во Порше Суперкуп и инженерите немаа претходно искуство на оваа патека, па тоа се одрази на пласманот на 21 место на стартот. Сепак, стабилните временски услови потоа овозможија да се вратиме во ритам и автомобилот беше многу подобар во трката, а тоа ми дозволи да напредувам до 14 место и да освојам поени. Горд сум на фактот дека сум прв Македонец што го постигнал тоа, но моите аспирации се повисоки, изјави Вуков.
Во текот на трката, Рико имаше дуел со поранешниот Ф1 возач, Тимо Глок, што успеа да го добие, а на крајот доцнеше нешто помалку од девет секунди зад победникот во трката, што дава јасна слика за изедначените перформанси.
Идниот викенд на програмата е гран при викендот во Белгија, на патеката Спа Франкоршамп, со што започнува втората половина од шампионатот. До крајот ќе има уште две трки на Зандворт во Холандија и финалето во Монца на почетокот на септември.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
