Додик: Сè што е наметнато од високите претставници во БиХ мора да се преиспита

Претседателот на Република Српска Милорад Додик истакна дека негова политичка цел е дејтонската позиција на РС и дека се што наметнуваат високите претставници во Босна и Херцеговина мора да се преиспита и да се доведе во рамките на Уставот.
„Мојата политичка цел е дејтонскиот став на РС, она што е напишано во Дејтон и Уставот, и она што ни го наметнаа високите претставници мора да се преиспита, регулира и доведе во рамките на Уставот“, напиша Додик на Инстаграм.
Тој додаде дека се што било договорено на средбата со лидерите на партиите кои учествуваат во владата на државно ниво (СНСД-ХДЗ БиХ-Тројка) „е направено во корист на дополнително позиционирање на РС“.
Претседателот на РС изјави и дека минатата недела на Хвар разговарал со претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој, како што истакна, му потврдил дека „Хрватска го поддржува договорот на легитимните политички претставници на трите конститутивни народи во БиХ, која ја обезбедува нивната еднаквост во согласност со Дејтонскиот договор“.
Додик, исто така, рече дека тој и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствувале на показна вежба на припадниците на српските вооружени сили на воениот полигон Пасуљанска Ливада минатата недела.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
