Украина ќе добие системи за ПВО – Патриот од Германија, најави Зеленски
Германија и Украина се договорија Киев да добие повеќе системи за противвоздушна одбрана Патриот, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.
„Денеска дојде добрата вест од Германија – токму она што го договоривме со германскиот канцелар Олаф Шолц. Ќе има дополнителни системи Патриот.Ова е неопходно за заштита на нашиот народ од рускиот терор“, рече Зеленски.
Претходно вчера Германија објави дека е подготвена да испрати уште два система Патриот во Украина.
Копнените системи за ПВО како што се системите Патриотсе дизајнирани да соборуваат проектили во воздухот.
Но, тие во моментов се во ограничен број во НАТО бидејќи по завршувањето на Студената војна, многу од сојузниците во алијансата одлучија да ги намалат своите сили за воздушна одбрана, јавија германски медиуми.
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
