Протест на пензионерите во Кавадарци
Кавадаречки пензионери и денеска преку мирен протест упатија барања за линеарно покачување на пензиите, минималната пензија да не е под 20 000 денари. Присутните на протестот на градскиот плоштад упатија јавен апел до сите пратеници и до Сојузот на пензионери да се заложат за ова. Од Иницијативен одбор на пензионери Кавадарци повикаа на масовен протест.
- Се собравме да побараме подобар живот. Бараме покачување на пензиите. Во Кавадарци има 6.070 пензионери, 3.000 а можеби и повеќе земаат пензија до 15.000 денари. Како да преживееме со тие примања. Затоа бараме линеарно покачување на пензиите во септември. Зошто скоро во сите општински здруженија работат пензионери со високи пензии, па плус земаат. И ние со ниски пензии знаеме, можеме и сакаме да работиме во здруженијата на пензионери, со тоа да придонесеме за подобар живот на пензионерите, повтори пензионерката Драгица Антик.
Ново на Сител
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум