Лукашенко сака добри односи со ЕУ, му наредил на премиерот да ги обнови контактите со Полска

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека сака да одржува добри односи со земјите од Европската унија, пренесуваат руските медиуми и додаде дека и наредил на својата влада да ги обнови контактите со Полска, со која има тензиии на заедничката граница.
- Сега живееме првенствено на сметка на Истокот – Русија и Кина. Но, не смееме да заборавиме на високотехнолошкиот Запад. Тие се блиски, тие се наши соседи – Европската унија. Не можеме да ги изгубиме односите со нив, изјави Лукашенко денеска по посетата на националниот аеродром во Минск, каде одржа вонреден состанок за раководството на белоруската авијација, која е под санкции на Западот.
Притоа тоја кажа и дека „е неопходно е да се разговара со Полјаците. Му наредив на премиерот да контактира со нив“, рече Лукашенко, пренесува белоруската новинска агенција Белта.
Во моментов има високи тензии меѓу Белорусија и членката на НАТО, Полска, поради различните ставови и поделби за конфликтот во Украина. Полска финансиски и воено му помага на Киев, додека Белорусија е сојузник на Русија.
Полска вчера соопшти дека ќе распореди околу 10.000 војници на својата источна граница со Белорусија за да ја заштити.
Според Лукашенко, полската Влада бара ескалација на ситуацијата за да покаже дека правилно ја вооружува земјата додека се приближуваат парламентарните избори на 15 октомври во Полска.
Белорускиот лидер оцени дека е малку веројатно во следните два месеци да се видат значителни промени во односот на Варшава, што би било добро и за нив и за Белорусија.
-Тие бараат многу од нас… но ние не можеме да прифатиме, бидејќи тоа би било спротивно на нашите интереси, рече тој.
Тој, исто така, додаде дека е „отворен за соработка“, но директно ги обвини Американците дека сметаат на Полска дека ќе ги зголеми тензиите во регионот поради конфликтот меѓу Украина и Русија.
Варшава е загрижена поради присуството на платеници од групата „Вагнер“ во Белорусија и големиот број мигранти кои се обидуваат да ја преминат заедничката граница.
Ново на Сител
-

Велешанец се степал со 79-годишен дедо во угостителски објект во скопски Карпош
-

Скопјанка пријавена за закани кон поранешната шефица, оштетила врата од фирма и истурила запалива течност
-

Истите двајца за пет дена три пати нападнале малолетници во Штип, еден од нападите го снимале со телефон
-

Потрошувачката кошница над 58.000 денари, синдикатите против скратување на празниците
-

Утре дожд и силен ветер, нови врнежи се најавуваат и за викендот
-

18-годишниот Огнен кој пронајде и врати 4.000 евра доби плакета од градоначалникот на Делчево
-

Од четврток личната карта и возачката дозвола на мобилен
-

Бензинот поевтинува, дизелот останува ист - нови цени на горивата од полноќ
