Воената хунта во Нигер ќе му суди на соборениот претседател Базум за предавство

Воената хунта на Нигер соопшти дека ќе му суди на соборениот претседател Мохамед Базум за „предавство“ и поткопување на националната безбедност, само неколку часа откако објави дека се отворени за разговори со претставници на
Економската организација на земјите од Западна Африка- ЕКОВАС.
Портпаролот на воената хунта Амаду Абдрамане синоќа на државната телевизија изјави дека војската „ги собрала потребните докази за да го гони соборениот претседател, како и неговите домашни и странски соучесници за велепредавство и за поткопување на внатрешната и надворешната безбедност на Нигер“.
Базум, кој беше демократски избран претседател на Нигер, беше соборен со државен удар на 26 јули и оттогаш е во домашен притвор во неговата резиденција во Ниамеј.
Во изминатите денови постојано растеше меѓународниот притисок врз хунтата за ослободување и враќање на Базум на власт. Веднаш по државниот удар, ЕКОВАС и даде на армијата седум дена да го врати Базум на функцијата и се закани дека ќе употреби воена сила, но тој рок помина без акција од ниту една страна.
Минатата недела ЕКОВАС нареди распоредување на резревни сили, но сè уште е нејасно кога и дали тие војници ќе влезат во земјата.
Нигер е четвртата земја во 15-члената организација ЕКОВАС која во последните три години доживеа државен удар.
Нигер е важна земја во Сахел, регион јужно од пустината Сахара, со кој западните земји соработуваат во борбата против џихадистичкото насилство поврзано со Ал Каеда и терористичката група Исламска држава, а кои убија илјадници лица.
Ново на Сител
-

Европското здружение за кардиологија објави нови упатства за исхрана за лица со срцеви проблеми
-

Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев
-

Втор ден од Регионалната министерска конференција за демографските предизвици
-

Србија ја испраќа до Венецијанската комисија првата верзија на измените на пакетот судски закони
-

Астон Вила и Фрајбург во борба за пехарот во Лига Европа
-

Кристал Палас и Рајо Ваљекано ќе се борат за пехарот во Конференциската лига
-

Иранските медиуми јавија за експлозии кај Бандар Абас и на островот Кешм; „Фокс њуз“ тврди дека станува збор за американски напади
-

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод
