Богоев: Олеснување на трговијата преку модернизација и проширување на преминот Деве Баир
Модернизација и проширување на граничниот премин Деве Баир, беше една од темите на кои се разговараше при денешната посета на директорот на Царинската управа, Стефан Богоев и заменик директорот, Муарем Асани, на граничниот премин Деве Баир, известуваат од Царинската управа.
- Модернизацијата на преминот се реализира во рамки на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, при што во првата фаза од проектот предвидена е изградба на објект на терминалот за стоково царинење и реконструкција на управната зграда. Во втората фаза планирано е проширување на преминот со две дополнителни сообраќајни ленти на влез и на излез од државата, а планирана е и реконструкција на пристапниот пат до терминалот за тешки возила заради негово непречено користење и во зимски услови, изјави Богоев.
Додаде дека во рамки на проектот се планира и изградба на нова пречистителна станица и поставување на нова вага за товарен сообраќај.
Овие активности, како што нагласи Богоев, дополнително ќе ја олеснат трговијата и ќе го забрзаат транспортот, што ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис.
Од ЦУ велат дека денеска на преминот спроведена е кампањата „Стоп за корупцијата“ во рамки на која директорот Стефан Богоев и заменикот Муарем Асани заедно со царинските службеници ги информирале граѓаните за штетните последици на корупцијата, како и начинот на којшто можат да ја пријават истата.
Ново на Сител
-
Без вода делови од Скопје
-
Мексиканскиот суперполицаец осуден на 38 години затвор за примање мито од картелите
-
Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување
-
Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради
-
Отворање на канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство
-
Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка
-
Променливо облачно, до 21 степен
-
Три лица загинаа, петмина повредени во сообраќајката кај Катланово