Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај
Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.
Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.
Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, за МИА изјави дека од стартот на бојкотот не сообраќаат ниту патничките ниту товарните возови. Досега, како што вели, не се реализирани предвидените сообраќања согласно со возниот ред на шест патнички и пет товарни возови.
Димовски најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.
-Ова веќе на ништо не личи, речиси за секоја плата мора да правиме бојкот и затоа ќе бараме да почнеме преговори и да се постигне договор да прекине оваа пракса, рече Димовски.
И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата, а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.
Ново на Сител
-
Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
-
Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет
-
Сите биле присутни, а пукал Палевски: Маневски посочил каде е закопано телото на Панче
-
„Тука е девојчето кое го барате“ - Кешишев под притисок признал каде е телото на Вања
-
Кражба во викендица во Маврово - приведен 54-годишник од Гостивар
-
До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
Кривична пријава против скопјанец осомничен за сторени две кривични дела