Белата куќа за смртта на Пригожин: Знаеме дека Кремљ има обичај да ги убива своите противници
Белата куќа синоќа излезе со претпоставка дека Кремљ е одговорен за смртта на Евгениј Пригожин, лидерот на приватната воена компанија „Вагнер“ кој минатата недела загина во авионска катастрофа.
-Сите знаеме дека Кремљ има обичај да ги убива своите протвници. Совршено јасно е што се случило, изјави синоќа на прес брифинг портпаролката Карин Жан-Пјер.
Слично мнение претходно искажа и претседателот на САД Џо Бајден.
-Малку работи во Русија се случуваат а зад нив да не стои Путин, изјави Бајден.
Во разговор со новинарите тој укажа дека засеге на поседува доволно информации да се каже дека тоа е вистина и додаде дека САД се стремат да дознаат како бил урнат авинот.
Пригожин загина минатата недела кога авионот во кој леташе се урна недалеку од Москва. Се вртат разни верзии за тоа која е причината за уривањето, од подметната експлозивна направа до ракетен удар.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
