Каевски: ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи за блокадата за уставните измени
Опозициската ДПМНЕ која сака да го блокира европскиот пат на земјата во последните денови молчи за уставните измени, единствено бараат одржување на седницата.
Единствениот европјанин кој ги брани позициите на ДПМНЕ е Никола Груевски од Унгарија.
Тоа е така затоа што немаат аргументи за блокадата на донесувањето на уставните измени, неопходни за членство во ЕУ.
ДПМНЕ нема ниту еден аргумент а сите нивни лаги потонаа.
Прво беше измислицата за асимлација и бугаризација. Еве помина повеќе од 1 година се потврди дека не само што нема ниту асимилација ниту бугаризација туку имам заштитен македонски јазик и идентитет.
Падна во вода и реториката за бугарски диктат, која ја користеше и Груевски на времето. Затоа што ние не преговараме со Бугарија туку со Европската унија.
Преговарачката рамка е усвоена од сите земји членки на ЕУ, уставните амандмани се подготвени од страна на македонски експерти во македонското министерство за правда.
Текстот на предложените измени е јавно објавен и никој нема ништо против содржината. ДПМНЕ досега нема кажано ниту една забелешка затоа што немаат аргументи.
Целта на Мицкоски и ДПМНЕ е да заглавиме во изолација, да чекаме како Груевски уште 11 години со целосно блокиран европскиот пат на државата.
Тоа што во Мицковски е ист како Груевски и ја користи истата реторика на неговиот ментор е жалосно, но во исто време и штетно за државата, за народот.
ЕУ значи подобар животен стандард и владеење на правото. Секој што го блокира тој пат е против народот и против владеењето на правото.
СДСМ ќе направи се овие блокади на Мицкоски да бидат поразени и да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат.
Дарко Каевски, портпарол на СДСМ
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
