Бајден на Генералното собрание на ОН ќе побара, а Русија се согласува со проширување на Советот за безбедност

На 78-та сесија на Генералното собрание на ОН, американскиот претседател Џо Бајден ќе ја потврди желбата на Вашингтон за проширувањ ена Советот за безбедност, наведуваат британските медиуми.
Ваквата вест ја потврди и координаторот за стратешки комуникации во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
-Време е да се погледне архитектурата на Советот за безбедност. Сметаме дека ова тело треба да биде поинклузивно и сеопфатно, рече Кирби во интервју за Дејли Телеграф.
Кирби истакна дека Бајден во својот говор оваа недела ќе го поддржи проширувањето на Советот за безбедност на ОН.
Во моментов, Советот за безбедност на ОН има пет постојани членки: Русија, Велика Британија, Кина, САД и Франција. Секоја од овие земји има право на вето. Десет членови на Советот, избрани на географска основа, имаат статус на непостојани членови.
Претставници на американската администрација постојано зборуваа за потребата од реформирање на Советот за безбедност на ОН. Поточно, за време на неговиот говор минатата година на 77-та сесија на Генералното собрание на ОН, Бајден рече дека Вашингтон поддржува зголемување на бројот на постојани и непостојани претставници во Советот за безбедност на ОН, вклучително и на сметка на африканските и латиноамериканските земји.
САД го поддржуваат давањето на Индија постојано членство во Советот за безбедност на ОН, но покрај неа, наведува „Дејли Телеграф“, САД би сакале да ги видат и Германија и Јапонија во реформиран Совет за безбедност.
Од друга страна, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, претходно изјави дека Русија особено ги посочува Индија и Бразил како достојни кандидати за постојано членство во Советот за безбедност на ОН со задолжително присуство на некои од африканските држави, пренесе Тасс.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
