Протести пред Владата и против измените во Кривичниот законик и против случувањата на Онкологија
Правото стана алатка на богатите, а на граѓаните им е преку глава оти нема ништо европско во намалените казни за функционерите – ова го порачаа студентите од правните факултети кои излегоа на протест пред Владата против измените на Кривичниот законик. Бараат укинување на измените и враќање на старите казни.
Истовремено по третпат се одржа и протест по скандалот на Онкологија. Преку перформанс демонстрантите ставија пари симболично премачкани со црвена боја во џебот на белите мантили на маски од поранешните министер за здравство и директор на онкологија, а запалија и фотографија од републичкиот јавен обвинител. Оттаму се упатија пред Обвинителството.
Ана Марјановиќ од „Пеперутка“ која и самата е пациент на Онкологија, во тема на денот на Сител рече дека има најмалку 5 илајди активни пациенти на клиниката, па ќе биде потребно време за да се соберат доволно докази и да се извадат виновниците пред лицето на правдата.
Демонстрантите најавија нов протест следниот понеделник.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар