Меси не исклучува настап на СП 2026
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, 36-годишниот Лионел Меси сè уште не ја исклучува можноста да ја брани титулата светски првак со Аргентина на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Меси во интервју за аргентинските медиуми рече дека во преден план кога е во прашање репрезентацијата му е настапот на Копа Америка.
„Сакам на следното издание на Копа Америка да дојдам во добра состојба и форма и во согласност со тоа ќе ги носам натамошните одлуки“, изјави Меси.
Одговарајќи на новинарско прашање дали размислува да настапи на Мундијалот 2026, Меси рече дека сè уште е рано за конечна одлука.
„Не размислувам сè уште за тоа. Годините минуваат и морам од ден за ден да видам како ќе се чувствувам“, рече Меси.
Аргентинскиот фудбалер сезонава настапува за Интер од Мајами и во воведните четири натпревари во МЛС лигата постигна еден гол и додаде две асистенции.
Ново на Сител
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
-

Маск го критикува шпанскиот премиер за планот за забрана на социјални медиуми на лица под 16 години
-

Обвинителството отвори предмет по наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
