Казнети 72 возачи на територијата на ОВР Прилеп

На територија на ОВР Прилеп денеска од 10.00 до 14.00 часот се казнети 72 возачи во спроведената акциска контрола за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Како што информира МВР, 34 возачи биле без возачка дозвола, пет под дејство на алкохол и исто толку возачи кои управуваат мотоцикли без заштитен шлем.
-Казнети се двајца возачи кои управуваат моторни возила со несоодветна категорија дозвола, три моторни возила биле со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, четири за непрописно вградени фолии (затемнети стакла) две за неисправност кај товарни возила кои вршат превоз на определени стоки, еден возач кој врши јавен превоз на патници, а притоа не поседува валидно лекарско уверение. Изготвено е и едно барање за поведување прекршочна постапка на правни и одговорни лица. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти МВР.
МВР наведува дека собраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да придонесат за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
