„Фолксваген“ гради уште еден погон за материјали за батерии во Европа
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ (Volkswagen) основаше заеднички погон со белгиската групација „Умикор“ (Umicore). Овие две компании вложуваат во фабрика што ќе произведува материјали за батерии за електрични возила во Европа.
Новата компанија „ИОНВЕЈ“ (IONWAY) ќе ги снабдува производителите за батериски ќелии на подружницата на „Фолксваген“ во Европа - „Пауер-ко“ (PowerCo) со евтини материјали за производство на батерии. Должноста на извршен директор му беше доверена на Томас Јансеуне, а финансиски директор е Ахим Холцер, се вели во заедничкото соопштение на „Фолксваген“ и „Умикор“. Германската фирма се надева дека новиот проект ќе ги намали трошоците за електрични возила.
Се очекува новата компанија со седиште во Брисел да снабдува материјали за 2,2 милиони електрични автомобили годишно. „Фолксваген“ и „Умикор“ го најавија проектот пред една година, а намерите до крајот на ова десетлетие да вложат вкупно три милијарди евра во овој заеднички погон.
Погоните треба да произведуваат батерии за електромобили на „Фолксваген“ од категоријата со најниски цени. Според ова, вакво возило би требало да чини под 25.000 евра и да бидат пуштени во продажба во 2026 година.
- Благодарение на посигурниот пристап, „Пауер-ко“ ќе ја снабдува групацијата со ќелии за батерии што одговараат на трошоците во период од неколку години, овозможувајќи им на своите брендови да им понудат на купувачите атрактивни, достапни електрични возила. Во соработка со нашиот доверлив партнер „Умикор“, ќе обезбедиме внатрешно снабдување со клучни материјали за производство на ќелии по разумни цени, изјави извршниот директор на одделот за батерии на „Пауер-ко“, Франк Блом.
„Фолксваген“ планира шест фабрики за батериски ќелии во Европа до 2030 година. Во таа смисла, се гради и фабрика во Салцгитер, Германија, како и близу Валенсија, Шпанија.
Ново на Сител
-
Одземени десет возила поради предизвикување голема бучава и диви трки во Скопје | ФОТО
-
Изграден нов дел од продолжувањето на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово
-
Два случаи на семејно насилство пријавени во Скопје
-
Никој нема да биде поштеден и за Ласкарци и за Беса Транс и за модуларната болница во Тетово, порача Мицкоски
-
МЗ: Пациент испишан од Љубљана, во странство остануваат да се лекуваат 68 лица
-
Со возило „Опел“ удрен 50-годишник на велосипед од Прилеп
-
Платата на просветните работници со раст од седум отсто, најави Мицкоски
-
Мицкоски: Со нашиот стратешки партнер САД сме во постојана комуникација, многу скоро очекувам убава вест за македонската економија