Спасовски очекува од сабота или најдоцна до понеделник да се отвори нов пункт за промена на личните документи во Скопје

Министерството за внатрешни работи е во завршна фаза за средување на пункт, кој треба да се стави во функција за издавање на лични документи. До сабота треба да завршат сите подготовки на просторијата за да почнат со работа вработените, а граѓаните да бидат услужени, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој одговараше на новинарски прашање, по отворањето на нов објект за форензички испитувања во МВР.
- Очекувам веќе од сабота или од понеделник, во зависност како ќе бидат подготвени, да можеме да го ставиме објектот во функција, со тоа што се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на некој начин да имаме добра динамика за граѓаните. Така да од една страна сите групни домови, старски домови е дадена можност да се пријават и во неколку од нив се завршени комплетно со земање на податоци за издавањето на новите лични документи, изјави Спасовски.
Тој најави дека во следниот период ќе имаат таргетирани групи и граѓни, кои ќе можат да ги сменат личните документи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски очекува до крајот на годината или почетокот на јануари во сите објекти, во кои може да се заменуваат податоци да бидат завршени.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
