Претседателот Пендаровски ги прими акредитивните писма на новата амбасадорка на Нов Зеланд, Жаклин ен Фризел

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Жаклин ен Фризел, новоименуваната амбасадорка на Нов Зеланд за Република Северна Македонија, со седиште во Рим, Република Италија.
Во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека меѓу двете земји постојат пријателски односи и заедничка желба за нивно поинтензивно развивање, како и за унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес. Претседателот посочи дека иако се географски многу оддалечени, двете земји ја споделуваат визијата и одговорноста за одржлив развој и економски просперитет, посветеноста кон одржување на светскиот мир и безбедност, промовирање на дијалогот и мирното разрешување на спорови, како и заштита на човековите права, соопшти кабидентот на шефот на државата.
Амбасадорката Жаклин ен Фризел во своето обраќање рече дека Северна Македонија и Нов Зеланд имаат многу заедничко и дека ја споделуваат посветеноста кон либералната демократија и одржувањето на отворени општества и економии. Таа истакна дека е горда на 1.500 граѓани во Нов Зеланд кои потекнуваат од Северна Македонија, за кои рече дека станале важен дел од нивното општествено ткиво и додаде дека тие врски обезбедуваат цврста основа за натамошен раст на односите во годините што следат.
Претседателот Пендаровски на амбасадорката на Нов Зеланд и посака многу успех во извршувањето на одговорната функција и изрази уверување дека во вршењето на нејзините дипломатски должности ќе ја ужива неговата целосна поддршка и помош.
Ново на Сител
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
-

Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите, тврди ирански официјален претставник
-

САД за прв пат транспортираа нуклеарен микрореактор од Калифорнија до Јута
-

Две угинати ретки птици мршојадци пронајдени во Кавадаречко, дадени на обдукција
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
