Руско Министерство за одбрана: Русија уништи 16 украински дронови на југот на земјата и над Крим
Руските власти денеска соопштија дека уништиле 16 украински беспилотни летала на југот на земјата и над анектираниот полуостров Крим.
„Ноќта меѓу четвртокот и петокот беше спречен обид на украинскиот режим да изврши терористички напад со помош на дронови врз објекти на територијата на Русија“, соопшти Министерството за одбрана
„Противвоздушните одбранбени системи уништија 16 беспилотни летала, од кои 13 над полуостровот Крим и три над територијата на регионот Волгоград на југ“, се вели во соопштението.
Украинските напади на руска територија се интензивираа во последните месеци по контраофанзивата што Киев ја започна на почетокот на јуни.
Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, е редовна цел на напади бидејќи на полуостровот на Црното Море се наоѓа база на руската Црноморска флота и е клучна рута за снабдување на руските сили во јужна и источна Украина.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот