Македонија
30. November 2023 - 8:09

Евроинтеграцијата, изборите и Изборниот законик, теми на лидерската средба в понеделник

Евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, ќе бидат темите на лидерската средба која премиерот Димитар Ковачевски ќе ја закаже за понеделник (4 декември).

null

Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието.

-Членството во ЕУ е нашата цел и ние немаме друга алтернатива. Дали ќе бидеме таму набрзо зависи само од нас, и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички партии и политички чинители во оваа земја кои имаат одговорност пред народот да испорачаат резултати на патот кон ЕУ, без изговори, рече Ковачевски.

Уште еднаш повика стратешката цел, односно членството во големото европско семејство до 2030 година да се стави над секоја партиска или лична цел и во наредниот период да се реализираат сите потребни активности со цел, како што рече, натамошно димензионирање на нашиот процес во интеграција во ЕУ.

Членството во Европската унија е наша цел и немаме друга алтернатива и тоа зависи од сите нас, односно од сите политички чинители кои имаат одговорност во оваа земја, без изговори. Утре ќе би

Борел, пак, на прес-конференцијата беше дециден дека не треба да постои политичка поделеност за прашањата за Европската Унија.

-Ако сакате да одите по патот на ЕУ тогаш мора да го завршите процесот на усвојување на уставните измени и да напредувате за клучните реформи. Тоа е за сите граѓани, тоа не е нешто што ќе донесе корист за една политичка партија, туку за целиот народ, за Северна Македонија како земја, истакна, меќу другото, Борел.

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. 

Извесно е дека на средбата во понеделник политичките партии ќе се усогласат за избори на 8 мај односно првиот круг од претседателските избори да се одржи на 24 април, додека вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори да се одржат на 8 мај. Согласноста за парламентарни избори во мај ја потврдија во изјави за медиумите лидерите на најголемите политички партии и коалиции во земјата.

Премиерот и претседател на СДСМ Ковачевски пред неколку дена повтори дека „мај нуди можност за одржување и на претседателски и на парламентарни избори“.

-Тоа го потврдија и низа други претседатели на партии и претседателот на Собранието, кој се грижи за роковите и затоа кога ќе заврши таа средба согласно со ставовите на сите политички партии, затоа што таа одлука се носи со широк политички консензус, ќе може да биде и соопштена, рече Ковачевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју пред два дена кажа дека „добро е да се земе почетокот на мај како потенцијален оквир за постигнување решение“ (за избори).

-Гледам дека тука, односно слушам преку медиумите, дека отприлика тука конвергира ставот и на Владата. Ако има каква било лидерска средба, ...со ова решение, ние како ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да го прифатиме, рече Мицкоски.

Демократската унија за интеграција и најголем дел од другите политички партии се согласни со избори во мај.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција се обиде  да ги разјасни околностите околу одржувањето на вчерашните 32. и 36. седница и што му претходело на оваа постап

Во понеделникот претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека доколку 8 мај е прифатлив за одржување на вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, тогаш изборите би се распишале најдоцна на 28 февруари, а техничката Влада би требало да се формира до 28 јануари.

Ако изборите се на 8 мај и согласно уставните и законските рокови, инаугурацијата на Претседателот на државата може да се одржи на 12 мај, конститутивната седница на Собранието би се одржала 20 дена по изборите односно до 28 мај, а новата влада би требало да биде избрана до крајот на јуни 2024 година.