Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено изутрина е во Попова Шапка, каде во седум часот измерени се - 4 степени Целзиусови, по што следуваат Крива Паланка и Лазарополе со - 3, Битола, Прилеп, Струмица, Берово и Маврови Анови со - 1, како и Тетово, Куманово и Штип со 0 степени.
Во Дебар и Крушево 1 степан, Охрид, Претор, Виница, Гевгелија и Скопје – Петровец 2, Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија 3, Велес и Кавадарци 4, а Дојран 5.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 27 сантиметри, во Ѓуриште девет, а во Пожаране пет.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне од запад облачноста ќе се зголемува и преку ноќта во крајните западни делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња