Седум лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во фабрика во Индија
Седум лица загинаа, а 24 се повредени при експлозија во резервоар за складирање во фабрика на индискиот производител на специјални хемикалии „Aether Industries“ во западниот индиски пристанишен град Сурат, потврди компанијата.
„Причината за експлозијата допрва треба да се утврди“, изјави претставник на градската противпожарна служба Омпракаш Мишра, иако пожарот што беше предизвикан е изгаснат.
Тој посочи дека 24 повредени работници се пренесени во болница.
„Целата регулаторна и владина отштета за семејствата на сите загинати ќе биде исплатена експедитивно и во целост“, се вели во соопштението на компанијата.
Тие ветија дека ќе дадат дополнителна отштета во износ од 59. 984 долари на семејствата на загинатите.
Компанијата, исто така, ќе ги покрие медицинските трошоци за повредените работници и ќе обезбеди 30. 000 долари по лице „во случај на траен инвалидитет“.
Компанијата ќе го затвори погодениот објект во Сурат „на неколку дена за да се спроведе структурна ревизија, форензика (и) мониторинг“, изјави анонимен извор.
Полицијата во државата Гуџарат, каде што се случи експлозијата, претходно соопшти дека седум тела се извлечени од фабриката, додавајќи дека властите ја прекинуваат потрагата по исчезнатите работници.
Ново на Сител
-
Уапсена 42 годишна жена, со „цитроен“ удрила во пешак и избегала
-
Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патни правци низ Македонија
-
Русите извршија ракетен напад врз историскиот центар на Одеса
-
Се утврдува намалениот промет од бојкотот на маркетите, решение за високите цени низ дијалог
-
Повици за одговорност за смртта на Фросина, законски измени за поголеми казни во сообраќајот
-
Шест лица загинаа при пад на авион за превоз на пациенти во Филаделфија, меѓу патниците имало девојче
-
Почувствуван земјотрес во Скопје
-
Сончево со локална облачност