Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си.
Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата.
Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.
Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони.
Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.
Ново на Сител
-

Пуштени во продажба билетите за баражот против Данска
-

И во Кочани протест со палење гуми поради одземање на возила од полиција
-

Одземени возила од полицијата - причина за блокада на обиколницата над Битола
-

Во Полска приведен наводен руски шпион, кој повеќе од 30 години работел во Министерството за национална одбрана
-

На ГП „Блато“ уапсен македонски државјанин, се обидел да избега со автомобилот, загрозувајќи ги животите на полицајците
-

Во Франција десет мажи со помош на таткото силувале петгодишно дете
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
