Град Скопје: Неразбирлива е потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на Скопје

Откако на социјалните медиуми протече информација дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво и градот е меѓу најзагадените во светот, од Град Скопје денеска преку соопштение ја демантираа наводната загаденост на воздухот.
Од Град Скопје велат дека се работи за пласирање на дезинформација, затоа што светскиот мониторинг сервис „WAQI“, кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во поголемите градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е помеѓу најзагадените градови.
-Неразбирлива е за нас потребата од пласирање на сензационалистичката лага за наводна загаденост на градот Скопје, особено поради фактот што светскиот мониторинг сервис „WAQI“ кој во реално време ги покажува податоците за нивото на загаденост во сите поголеми градови во светот, јасно покажува дека Скопје не е ниту најзагаден град во Македонија, а не пак во светот, велат од Град Скопје.
Како најзагадени градови во Македонија во последните 48 часа, од Град Скопје велат се Кочани, Струмица, Гевгелија, Кавадарци и Тетово.
-Апелираме до медиуимите, да не потпаѓаат на лажните вести и нечесните политички агенди на ВМРО-ДПМНЕ, туку барем по три пати да ја проверуваат точноста на информациите кои доаѓаат од оваа партиска кујна. Градот Скопје во последните две години засади 1.400.000 садници, додели субвенции за набавка на инвертер клими за граѓаните на градот Скопје, изгради три нови мега-паркови во Ѓорче Петров, Аеродром и Чаир, а два се во реализација во Сарај и Карпош, исчистивме 250 диви депонии кои за жал токму градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повторно ги формираат со истурање на нивниот смет и градежен шут што веќе се утврдени и доставени налози за глоба, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
